Kabineti i Kryetarit

Артан Груби
Шеф на Кабинетот на ретседателотДемократска Унија за Интеграција

Тетово             +389 - 44 - 33 43 98
Скопје             +389 - 22 - 63 41 34
Факс                +389 - 44 - 33 43 97
Емаил artan.grubi@bdi.mk/cabinet@bdi.mk
Адреса:
Ул 170, Мала Речица Бр. 2, 1200 Тетово
Панче Неделковски 47, 1000 Скопје
Република Македонија

БИОГРАФИЈА

Артан Груби е роден во Скопје на 7 Јуни 1977 година. Основното и средното образование го заврши во Скопје со одличен успех. Високото образование го заврши при Правниот Факултет “Јустиниjан Први” со што се стекна со звањето Дипломиран Новинар.
Артан ги заврши последипломските студии на Правниот Факултет – Новинарство, при Универзитетот Кирил и Методиј и се стекна со звање Магистер по Медиуми и Комуникации по успешната одбрана на магистерската теза со наслов “Улогата на новите медиуми во транзициони општества”
Артан Груби има четиринаесет годишно искуство со меѓународни организации во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово при Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот Трибунал и Американски Агенции за помош со разни оперативни задачи. Има воспоставено одлични контакти со владини претставници и претставници на меѓународната заедница. Артан Груби истотака е оснивач на најголемата и најуспешната Албанска невладина организација РАЗБУДИ СЕ! која што ги постави темелите на Албанско цивилно општество во Македонија.
Артан Груби има одлично одлично познавање на Англиски јазик како и познавање на Француски и Холандски јазик. Истотака одлично ги познава виндоус офис пакетите како и има одлични комуникативни и организациски вештини и искуство со менаџирање на проекти и надзор на вработени заедно со претставително искуство пред меѓународни организации и јавноста. Груби има учествувано на голем број семинари, меѓународни и домашни конференции, научни собири, идр.

Образование

  • Докторант на Правниот Факултет во Скопје
  • Магистер по Медиуми и Комуникации при Скопскиот Универзитет – Правен Факултет
  • Дипломиран на Универзитетот во Скопје, Правен Факултет“Јустиниан Први” – Новинарство